Овој необичен филм во кината ќе се прикажува од 24 март 2022 година.
Брилијантната, но повлечена авторка Лорета Сејџ (Сандра Булок) ја поминала својата кариера пишувајќи за егзотичните места во своите популарни љубовно-авантуристички романи со згодниот модел од насловните страни Алан (Ченинг Тејтум) кој својот живот го посветил на отелотворување на ликот на херојот „Деш“.

На турнејата каде ја промовира новата книга со Алан, Лорета ја киднапира ексцентричниот милијардер (Даниел Редклиф) кој се надева дека таа ќе го доведе до богатството на древниот изгубен град од нејзината најнова книга.

Сакајќи да покаже дека може да биде херој и во реалниот живот, а не само на страниците на нејзините книги, Алан тргнува да ја спаси.
Фрлен во епска авантура во џунгла овој несекојдневен пар ќе мора да соработува за да преживее и да го пронајде древното богатство пред истото засекогаш да исчезне.
Погледнете го трејлерот: