Девојката на Роналдо во празнично издание го покажа трудничкото стомаче

Џорџина Родригез позирала за шпанското издание на магазинот Космополитан покажувајќи го трудничкиот стомак, а во интервјуто открила дека ѝ било судено да го запознае Кристијано Роналдо со кој очекува близнаци.

Повод за интервјуто и насловната страна е ријалити серијата на Нетфликс под името “Soy Georgina” во која ќе биде прикажан животот на девојката на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Џорџина за Космополитан позирала во неколку изданија, а највпечатлива била насловната каде позирала во црвен фустан кој го открива нејзиниот стомак.

Манекенката е бремена веќе пет месеци и носи близнаци. Неодамна сподели фотографии од патувањето во Финска заедно со децата.

Таа во интервјуто зборувала за средбата со фудбалерот и открила дека им било судено да се запознаат.

“Цврсто верувам во судбина, а уште повеќе во карма. Добивате тоа што давате”, рекла таа.

Таа зборувала и за предизвиците во животот, но рекла дека е доволно силна и подготвена за сите лоши критики кои ги добива.

Џорџина е родена во Аргентина и во 2016 година го запозна фудбалерот. За магазинот открила како изгледала нивната средба.

Слични Вести
Menu