Неговиот лик во Хари Потер предизвикува страв и трепет, а под наметката носи – подвезици

Холивудскиот актер Ралф Фајнс, кој двапати беше номиниран за Оскар, се појавил на њујоршката премиера на филмот „The King’s Man“ во Музејот на модерна уметност во центарот на Менхетен.

Фајнс во новиот филм, кој во киносалите ќе пристигне кон крајот на декември, го толкува војводата од Оксфорд – полковник Т. Е. Лоренс.

По оваа, актерот го чека уште една светска премиера, а станува збор за премиерата по повод 20-годишнината од првиот филм за Хари Потер, во кој го толкуваше ликот на „оној чие име не смее да се изговори“ – Лорд Волдеморт.

Неодамна Фајнс открил дека во текот на снимањата носел женски чорапи кои биле прикачени со подвезици под наметката на Волдеморт.

„Се забавував играјќи го Волдеморт и една од работите за која често ме прашуваат е како функционирала нашата облека. Ги носев тие долги, лелеави наметки и морав да научам да лизгам како змија во нив. Така, под наметката носев пар женски чорапи. Секој пат кога ќе се поместев, почнуваа да ми се лизгаат, паѓаа сè до помеѓу колената и тоа ми стануваше многу непријатно.

Затоа, моравме тоа некако да го решиме, па почнав да носам женски чорапи со подвезици. Моето омилено занимање во текот на снимањето беше задевањето на каскадерот така што доаѓав пред него и го подигнував својот костим“, раскажал актерот кој не крие дека добро се забавувал на снимањата на филмовите за најпознатиот волшебник на светот.

Слични Вести
Menu