Научниците открија вулканска лава на Марс

Роверот Perseverance слета на Марс пред 10 месеци, а научниците сега објавија неверојатно откритие, пишува CNN.

На местото на древно езеро на Марс некогаш течела вулканска лава. Најновото откритие на роверот покажува дека коритото на езерото по кое се вози од слетувањето е формирано од вулканска лава.

Научниците на НАСА велат дека тоа е сосема неочекувано. Претходно се мислеше дека камењата на дното на коритото се од седименти. Се покажа дека камењата кои роверот досега ги истражуваше повеќе пати се итнегрирале со вода, а дел од примероците содржат органски молекули.

Овие откритија можат да им помогнат на научниците да создадат слика од временски тек на тоа што се случувало на кратерот Језеро. Новото откритие е најавено на есенската конференција на Американското геолошко друштво одржана во Њу Орлеанс.

Научниците со години се прашуваа дали камењата во кратерот Језеро се создадени од слоеви материјал нанесен од древни реки или од вулканско потекло, од слоеви создадени по ладење на течна лава.

„Станав очаен мислејќи дека никогаш нема да го дознаеме одговорот“, вели Кен Фарли, научник од Технолошкиот институт во Калифорнија, кој работи на проектот Perseverance.

Сето тоа се промени кога роверот почна да собира примероци.

„Кристалите во камењата се конечен доказ“, вели Фарли.

Роверот е снабден со софистицирани инструменти кои можат да снимаат и анализираат примероци од камења и да го разоткријат составот. Во ноември годинава Perseverance со еден од инструментите проучуваше камен и анализата откри големи кристали опкружени со други кристали, што упатува на фактот дека станува збор за камен од вулканско потекло.

Ваквиот камен потоа во повеќе наврати дошол во контакт со вода што го прави исклучително корисен за научниците од него да ги датираат настаните во кратерот Језеро и подобро да го разберат периодот во кој водата била нормална појава на површината на Марс.

Слични Вести
Menu