Дензел Вашингтон се расплакал средe емисија поради ЖЕНАTA која НАЈМНОГУ ЈА САКАЛ (Видео)

Дензел Вашингтон се расплакал гостувајќи во популарната емисија “The Late Show“ по повод премиерата на неговиот филм “The Tragedy of Macbeth“, кога водителот му поставил прашање кое се однесува на неговата мајка која починала оваа година.

“Мајката е прва и вистинска љубов кон синот. Синот, особено ако е тој прв син, е последна и прва мајчина љубов“, започнал Вашингтон.

“Тоа е… се гушам. Извини…“, рекол глумецот со растреперен глас и пуштил неколку солзи.

Вашингтон продолжил да зборува за тоа како неговата мајка секогаш била тука, на секој чекор, во текот на неговиот живот и кариера, но сега заминала, и повторно се расплакал па побарал марамче од водителот.

“Не плачев на погребот, знаеш“, признал Дензел.

Водителот извадил фотографија на која позира со својата мајка а водителот го прашал зошто не плачел на погребот.

“Незнам, вероватно солзите ги чував за тебе“, се пошегувал Дензел, а потоа продолжиле со повесел тон.

Овој емотивен момент многу од гледачи ги погодил.

“Сега уште повеќе го почитувам“, “Се гледа дека тагува“, “Ова можат да го разберат само луѓе кои ја загубиле мајката“, се само дел од коментарите.

Филмот “The Tragedy of Macbeth“ (“Трагедијата на Магбет“) премиерно ќе биде прикажан 25 декември оваа година.

Видео…

Слични Вести
Menu