Метју Меконахи ја шокираше Витерспун и тоа среде интервју: БЕВ ВЉУБЕН ВО ТЕБЕ!

Метју Меконахи (52) и Риси Витерспун (45) глумат заедно во анимираниот филм „Пеј 2“, а во четвртокот гостуваа во шоуто на Елен Деџенерис. Со водителката тие одиграа квиз во кој признаа кои се нивните први симпатии. Риси откри и дека како тинејџерка била вљубена во Џим Морисон од Doors.

– Филмот „Doors“ излезе кога имав можеби 14 години и мислев: „Ох, тој е толку згоден“. Така, претпоставувам дека всушност тоа беше Вал Килмер како Џим Морисон, заклучи таа, а нејзиниот одговор го импресионираше Меконахи.

– Јас бев малку заљубен во младата дама што седи лево од мене, од „Човекот на Месечината“ – рече тој мислејќи на филмот од 1991 година во кој Рис глумеше на 14 години. Актерката шокирано гледаше по признанието на својот долгогодишен пријател.

– Што?! Некој нека го запише ова! – извика таа, а Метју објасни дека таа е една од неговите „рани, рани симпатии“.

Слични Вести
Menu