Членовите на жирито на „Ѕвездите на гранд“ од секогаш правеле добра забава во текот додека ги коментираат кандидатите, а овој пат Саша Поповиќ направи речиси незаборавно шоу во една своја таква прилика.
Имено еден од натпреварувачите не ја испеа песната онака како што очекуваше жирито, па се скараа Драган Стојковиќ Босанац со Светлана Цеца Ражнатовиќ, по што Босанац го напушти студиото.

-Ништо не разбрав, имам право да го бранам мојот став, изјави Босанац, додека Саша Поповиќ додаде: -Оваа девојка учела од оргиналот, оваа песна има милионски прегледи.
По што Босанац додал дека таа нема да го добие гласот од него.

Во еден момент дошло до караница и помеѓу Марија Шерифовиќ и Вики Миљковиќ, а потоа Саша Поповиќ истрчал на сцената и легнал да поспие малку. Цеца и Шерифовиќ веднаш притрчале и го покриле.