Саша Ковачевиќ отворено за апсењето во Германија

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ проговори за немилиот настан кога повеќе од пет часа бил затворен во Германија.

Миленикот на жените зборувал за деталите кои на јавноста досега не ѝ беа познати – за деталите на видеозаписот, но особено за апсењето во Германија.

– Веќе пет дена не спиеме. Одлучивме да направиме мини филм, потребно е време за организацијата, продукцијата и за сè друго. Од цифрата не го заболе главата само на татко ми, туку на сите, но ние сме познати по тоа што инвестираме во квалитетни спотови… – рекол познатиот пејач.

На прашањето на новинарот за апсењето што го доживеал во Германија, пејачот истакнал дека не знаел што го снашло.

„Јас и ден-денес се прашувам која беше причината. За среќа, не бевме уапсени, но подобро ќе беше да нè уапсеа, бидејќи ќе имавме подобри услови во затворот. Тие се трудат да бидат професионални, тоа е нивно право, но тоа се коси со некои норми… Ако не си вакциниран со одредена вакцина, немаш одредени права во некои земји. Со мојот бенд бевме затворени во соба пет часа. Одбив да влезам во нивната земја, се вратив со првиот авион. Нè ни дадоа објаснување и на тоа остана. Се трудам да не размислувам за тоа“, открила Ковачевиќ во емисијата „Премиера – викенд специјал“.

Слични Вести
Menu