Познато е дека младите се повеќе сакаат да изгледаат како познати личности, па често се одлучуваат да одат на хируршка клиника, да покажуваат фотографии од личност која им е пример и да велат: „Сакам да изгледам токму вака“.
На истото се одлучила и Алена Омович (27) од Украина, чија цел и сон е да биде двојничка на популарната Ким Кардашијан. Како што вели, од својата 14 година е воодушевена од изгледот на познатата старлета, па на 18 години веќе почнала да прави корекции на телото.
Досега имала седум операции и десетина естетски зафати кои и помогнале да личи на Ким. Поради својот атрактивен изглед, Алена е многу популарна на социјалната мрежа Инстаграм и има повеќе од 1,6 милиони следбеници.
Сепак, судејќи по коментарите под нејзините фотографии, може да се заклучи дека луѓето не се многу ентузијасти за нејзиниот изглед. Многумина веруваат дека таа претерала со операциите и дека повеќе не изгледа како вистинска жена.
Боже, изгледаш како лик од цртан филм. Морничаво – напиша еден човек, а друг додаде:
– Ти си пример за лоша пластична хирургија.
Но, Алена ги игнорира коментарите и вели дека се грижи само за мислењето на нејзиното момче.
– Болницата е мојот втор дом, дури еднаш таму го прославив роденденот. Го сакам своето пластично тело, а уште поважно е што го сака и мојот избраник – заклучи оваа девојка