Дневен Хороскоп 22 Декември

ОВЕН

Поволен ден за сите оние кои имаат план да започнат приватен бизнис. Комуникацијата со партнерот е многу отворена и директна. Некои проблеми може лесно да се решат. Имате аритмија. Задолжителен преглед кај кардиолог.

БИК

Соработката која долго време ја чекавте се одложува. Дојде време да ги промените своите приоритети. Тешко ви е да ги покажете емоциите на вистински начин. Тежок ден полн со нервози, напнатост. Вашите реакции се многу импулсивни.

БЛИЗНАЦИ

Благодарение на добрата организација која ја имате ќе успеете да надминете некои деловни препреки. Партнерот од вас очекува да преземете иницијатива и да покажете во кој смер ќе оди вашиот однос. Проблеми со грлото. Потребен е преглед.

РАК

Не си поставувајте превисоки цели за кои сте свесни дека не можете да ги исполните. Иако максимално се трудите да ги задоволите потребите на партнерот, тој од вас бара повеќе слобода и простор. Проблеми со видот.

ЛАВ

Нагласена е потребата за некоја доминација и докажување, сакате повторно да сте први во сѐ. Тежите кон драстични промени во својот живот и размислувате да продолжите понатаму. Потребна ви е детоксикација.

ДЕВИЦА

Новата работа која ја имавте во план тргна во сосема поинаква, погрешна насока. Тоа ве депримира. Имате добар однос со саканата личност, комуникацијата е искрена. Потрудете се да најдете повеќе време за одмор. Ве мачи несоница.

ВАГА

Ако сакате да постигнете деловен успех, неопходно е да го раздвоите приватниот и професионалниот живот. Партнерот го оптеретивте со некои свои деловни проблеми и тој полека почнува да се дистанцира. Посетете општ доктор.

ШКОРПИЈА

Не може да прифатите неуспех и пораз. Едноставно не е во вашата природа лесно да се помирите со тоа. Порди тоа може да бидете многу напнати. Посветени сте на семејството, ве исполнува времето кое го поминувате со нив. Чувајте се од настинки.

СТРЕЛЕЦ

Бидете многу внимателни на работа денес. Не дозволувајте било кој да ви ја поремети концентрацијата. Партнерот смета дека вашите барања се комплицирани, и дека барате многу внимание. Проблеми со чувствителна кожа.

ЈАРЕЦ

Не е лесно да го подобрите односот со колегите. Се трудите, но секогаш како нешто да недостасува. Постои личност која се обидува да ви пријде и која се труди, но вие не сакате да и дадете ниту еден позитивен сигнал. Потребна ви е рекреација.

ВОДОЛИЈА

Прилично сте пасивни, незаинтересирани за било каква нова работа, иако финансиската ситуација ви е катастрофална. На партнерот му е потребно внимание, но вие делувате некако незаинтересирано. Незадоволството е очигледно. Нервна напнатост.

РИБИ

Ќе добииете важна поддршка од личност во деловното опкружување. Тоа ќе ви даде ветер во грб. Заедно со партнерот може да организирате домашна журка која ќе ви го поправи расположението. Проблемот кој го имате не е толку сериозен, а поради него станувате параноични.

Слични Вести
Menu