Врховниот суд одлучил на Драган Бјелогрлиќ да му се суди во Белград. Актерот беше уапсен 23 август поради насилничко однесување за што пропишана е казна затвор од шест месеци до пет години.
Основното јавно обвинителство во Ниш покренало обвинение против Драган Бјелогрлиќ за кривично дело насилничко однесување според Кривичниот закон и предложило казна затвор од шест месеци – потврдено е во оваа паравосилна институција.
По налог на обвинителството одредено му е задржување до 48 часа, а на слобода бил пуштен по еден ден подоцна.
До конфликт дошло во кафе-барот во хотелот “Амбасадор“ во центарот на Ниш, каде што престојувале гости на филмската манифестација “Филмски средби“. Антонијевиќ околу четири часот утрото повикал полиција и рекол дека Бјелогрлиќ го тепал. Рекол дека седел во кафе-барот кога Бјелогрлиќ со кого од порано бил во лоши односи и со него водел сутски спорови, му пришол и без било каква причина и повод му задал удари во глава.