Русокосата за која тврдат дека има тело од најлудите машки соништа: „Не верував дека постои вакво совршенство“

Моделот, инфлуенсерката и ријалити ѕвездата Кимберли Гарнер неодамна била „уловена“ на плажа во Мајами, а папарацо фотографите не ја пропуштиле можноста да го забележат тој момент.

Оваа русокоса инаку важи за една од најзгодните дами на социјалната мрежа Инстаграм, а дали тоа е дело на Фотошоп или сепак има со што да се пофали, најдобро покажуваат папарацо фотографиите.

Кимберли уживала во волшепствата на морското крајбрежје во модерно, едноделно, сино бикини кое сама го дизајнирала.

Имено, таа уште во 2013 година го започнала својот бренд за бикини „Kimberly London“, а очигледно дека сама за себе си е најдобра реклама.

Без оглед на тоа што ова бикини е едноставно, истовремено е предизвикувачко поради тоа што ги открива градите од страните, а исто така и колковите.

Но, на оваа русокоса дефинитивно не ѝ недостасува самодоверба, па во него без проблем шетала на плажата, а сламениот шешир само придонел да изгледа и шик, а не само секси.

Оваа 30-годишна славна дама дефинитивно ја подигнала температурата на плажата, а очигледно докажала и дека со право важи за најсексапилната Британка на денешницата. Барем така тврдат коментаторите на социјалните мрежи и портали.

Но, истовремено луѓето ѝ замеруваат и за естетските корекции на носот.

„Совршенство, нејзиното тело е совршено“, „Има перфектна фигура, но зошто го уништи своето убаво лице со носот“, „Толку совршена жена, а си набави нос на Пинокио“, „Жената е чиста десетка“, „Мене ми е неверојатно тоа што постои ваква згодна жена“, „Навистина изгледа волшебно, но зошто има нос како Мајкл Џексон“, се само дел од коментарите.

Да ве потсетиме, Гарнер се прослави со учеството во реалити шоуто „Made in Chelsea“ кое се емитуваше во Велика Британија, а ги следеше животите на богатите жители на овој остров додека со пријателите се „преместуваат“ од еден на друг крај на планетата.

Слични Вести
Menu