Тахо, Калифорнија, САД
Прекрасниот пејзаж на езерото Тахо (Lake Tahoe) е еден од оние кои го покажуваат својот целосен потенцијал во зима.
Околу него има десетина скијачки центри, а градот има и топли извори, видиковци и жив ноќен живот.
Секоја година на езерото Тахо паѓаат околу 315 сантиметри снег, така што секогаш можете да направите снешко.

Гулфос, Исланд
Водопадот Гулфос (Gullfoss) се наоѓа на југозападниот дел на Исланд во кањонот на реката Хвитау (Hvítá), која се храни од Лангјекул (Langjökull), вториот по големина глечер во Исланд.
Водопадот Гулфос (Gullfoss) се наоѓа на југозападниот дел на Исланд во кањонот на реката Хвитау (Hvítá), која се храни од Лангјекул (Langjökull), вториот по големина глечер во Исланд.

Свалбард, Норвешка
Свалбард (Svalbard) е една од најсеверните населени области во светот, што го прави одлична локација за набљудување на северната светлина. Поради својата локација, градот има и поларна ноќ, која трае од средината на ноември до крајот на јануари. За тоа време сонцето не изгрева, а најсветло што може да се види е синиот самрак. Сепак, недостатокот на сончева светлина само ги зголемува шансите да се забележи аурора бореалис.

Блед, Словенија
Во текот на зимата, езерото Блед (Bled) на северозападот на Словенија станува сино како мраз бидејќи ги рефлектира снежните Алпи.

Бајкалско Езеро, Сибир, Русија
„Светото Море“, како што Бајкалското Езеро (Oзеро Байкал) го нарекувале домородните народи кои го населувале регионот, е најдлабокото слатководно езеро во светот и секако е атракција во секое време од годината.
Но, во зима површината на водата станува километри долго лизгалиште. На него можете да се возите со кочии со кучиња или коњи и со моторни санки, а има и нуркање во мраз и рафтинг на места каде што водата не е замрзната или мразот е пробиен.