Џејмс Франко признава дека спиел со студентки, се борел со зависност од секс

Холивудскиот актер Џејмс Франко призна дека спиел со студентки од актерската школа, која претходно ја водел, откривајќи дека се борел со зависност од секс и дека последниве години работи на подобрување на своето однесување.

Во извадоци од поткастот на Џес Кегл објавени во средата Франко (43) рече дека додека предавал на школата, „спиел со студентки и тоа не било во ред“. Тој нагласи дека не ја основал академијата за да намамува жени за сексуални цели.

„Претпоставувам дека во тоа време моето размислување беше: ако е со обострана согласност, ОК“, рече тој во поткастот на „Сириус икс-ем“. „Во тоа време не бев со бистра глава“.

Ова се првите поопширни коментари на Франко за обвинувањата упатени против него пред речиси четири години кога „Лос Анџелес тајмс“ објави дека пет жени го обвинуваат за однесување што го сметаат за непристојно.

Подоцна, во октомври 2019 година, две жени поднесоа граѓанска тужба против ѕвездата на Pineapple Express („Ананас експрес“) обвинувајќи го за искористување на аспирантни актерки во неговата сега веќе непостојна академија и за наведување млади жени да снимаат експлицитни секс-сцени.

Франко рече дека развил зависност од секс по отрезнувањето од зависноста од алкохол што ја развил на млада возраст. Во интервјуто за поткастот тој исто така рече дека закрепнува од зависноста од секс од 2016 година и дека веќе не е тоа што бил порано.

Актерот се согласи оваа година да плати 2,2 милиона долари за да ја реши граѓанската тужба од 2019 година, според документите поднесени во судот во Лос Анџелес.

Слични Вести
Menu