Бикини, крзнени чизми и 5 милиони допаѓања: Дуа Липа го ‘запали’ Инстаграм со новата објава

Дуа Липа на својот Инстаграм профил објавила неколку фотографии во необичен стајлинг, а позирала во бикини и крзнени чизми.

Пејачката со своите модни комбинации често ги освојува модните критичари и обожаватели, но овојпат сите ги изненадила.

Липа објавила и фотографии на кои ужива со пријателите во зимската атмосфера пред Божиќ, но сепак одлучила времето да го помине поинаку од останатите – во базен.

Така облекла дводелно бело бикини, а на нозете имала големи чизми од бело крзно со мотив Hello Kitty.

Необичната комбинација успеала да ги привлече следбениците, па фотографијата на Инстаграм собрала повеќе од 5 милиони допаѓања и речиси 20.000 коментари.

Слични Вести
Menu