Најзгодниот маж во Холивуд има една голема љубов, а тоа нема никаква врска со припадничките на женскиот пол

Хенри Кавил, ѕвездата на серијата „The Witcher“ кој го оживеа ликот од серијата на писателот Анџеј Сапковски, важи за еден од најатрактивните актери во Холивуд.

Иако со години се обидуваа да го спојат со пејачката Деми Ловато, на крајот се докажа дека тој има само една љубов и таа нема никаква врска со припадничките на женскиот пол.

Во текот на промотивната кампања за втората сезона од серијата, Хенри Кавил гостувал во шоу програмата на британскиот водител Грем Нортон. Кога водителот го споменал неговото хоби, актерот објаснил дека е колекционер, дека слика и дека игра со фигурите од популарниот „Warhammer 40K“.

„Еден дел од хобито е посветен на цртање и моделирање, а другиот на играње видеоигри. Што да правам? Па, правам мала армија која се бори против непријателските војски. Всушност е многу забавно. Звучи лудо, но забавно е“, изјавил Кавил.

Хенри е толку опседнат со „Warhammer 40“ што неговата колешка од серијата, Фреја Алан, но исто така и колешката Ања Шалотра немале друг избор освен да превртат со очите и да се насмеат кога актерот бил прашан за тоа.

„Ооо, не. Одиме пак“, изјавила Шалота во интервјуто кое дел од актерскиот тим го имал пред премиерата на втората сезона од серијата. А, Хенри продолжил да објаснува зошто е голем фан на „Warhammer 40 K“.

Актерот исто така признал и дека за време на карантинот, но и пред пандемијата бил опседнат со видеоиграта „The Witcher“ и дека неговата најголема желба се остварил кога добил можност да го толкува ликот на Гералдо.

Очигледно е дека неговата најголема љубов се видеоигрите и компјутерите.

Хенри минатата година во јули ја покажал неговата „убавица“, а тоа бил новиот компјутер за играње игри.

Слични Вести
Menu