Раперката Карди Б му подари на својот сопруг, раперот Офсет исклучително скап подарок за неговиот 30ти роденден.
Карди Б му организираше роденденска забава на раперот на која беа присутни бројни славни личности кои уживаа во шампањот и журката. Раперката му подари на сопругот чек од 2 милиони долари.
Таа на својот инстаграм профил објави „стори“ на кое му имаше напишано:
„Среќен роденден. Сега имаш сè ’’
Во објавата по повод неговиот роденден, таа емотивно напиша:
„Среќен роденден на најдобриот сопруг, пријател и татко. Толку многу поминавме заедно. Те сакам за тоа каков маж стануваш и каков татко си. Фала ти што си секогаш со мене, во добро и зло. Нека те благослови животот и така нека продолжи“
Славниот пар се венча на тајна церемонија во 2017 и имаат две деца.