Прв Божиќ на кралицата без принцот Филип

Годинешното божиќно обраќање на кралицата Елизабета Втора се очекува да биде многу лично и емотивно, бидејќи ова е прв Божиќ откако почина нејзиниот сопруг, принцот Филип.

Со емотивна порака, таа ќе му оддаде почит на починатиот принц Филип во божиќната порака која ќе ја испрати до нацијата.

Бакингемската палата објави фотографија на која се гледа како кралицата снима говор, а покрај неа е фотографија на која е со принцот Филип, кој почина на почетокот на оваа година, пренесува АП.

На фотографијата, кралицата го носи истиот брош како на врамената фотографија со принцот Филип, направена за време на прославата на нивната годишнина од брак во 2007 година.

Слични Вести
Menu