Бензема со бесен возен парк вози Бугати кога е сам а децата ги носи со Ауди

Асот на Реал Мадрид е вистински љубител на скапоцени и брзи автомобили.

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата и сопственик на капитенската лента на најголемиот фудбалски клуб на светот Реал Мадрид, Карим Бензема, повторно е во центар на внимание, но овојпат причината е позитивна.

За разлика од пред неколку месеци кога беше осуден на една година затвор за соучество во обид за уцена на поранешен репрезентативен соиграч поради сексуална снимка, Бензема сега просторот во медиумите го зазеде поради возниот парк.

Францускиот репрезентативец ја отворил вратата од гаражата и покажал како изгледа неговиот возен парк.

Во импресивната, околу 10 милиони вредна колекција доминираат светски познати марки автомобили, како што се „Bugatti Veyron“, „Audi RS Q8“, „BMW M6“, „Ferarri 488 Spider“ и други.

Првиот автомобил на овој 34-годишен фудбалер бил „Mini Cooper S“, а за 18-от роденден се почестил со брутално „BMW“.

Иако има скап возен парк, сепак Французинот секојдневно се вози во нормален автомобил со само 600 коњски сили.

„Audi RS6“ достигнува брзина од 100 км/ч. за 3,6 секунди, но Карим тврди дека станува збор за идеален караван за превоз на децата во градинка. Додека пак викендите му се резервирани за „Ferrari“ или „Bugatti“.

Слични Вести
Menu