Една од најпровокативните фудбалерки на светот позираше во бикини, па им ја разбуди фантазијата на мажите

Како и големиот број на фудбалери, така и фудбалерките го избрале Дубаи како дестинација на која ќе одмораат од напорната сезона и ќе ги наполнат батериите.

А, меѓу нив се најде и Алиша Леман, девојката која настапува за Астон Вила и која веројатно ја сметаат за најсексапилната фудбалерка. Оттаму не е ниту чудно што на социјалната мрежа Инстаграм има 5,5 милиони следбеници кои биле воодушевени со последните фотографии на оваа Швајцарка.

Алиша, се фотографирала во бикини и уште еднаш покажала дека е сексапилна.

Интересно е тоа што Алиша своевремено била во врска со соиграчот од ПСЖ и тоа три години, за во меѓувреме да го напушти Бахман и да биде со фудбалерот на Астон Вила, Даглас Луиз.

Тоа по што Алиша исто така е позната се претходните изјави поврзани со мажите кои доаѓаат на натпреварите на женски фудбал:

„Треба да се каже вистината. Луѓето кои доаѓаат на нашите натпревари не доаѓаат поради фудбалот. Тие доаѓаат за да фантазираат за секс со нас, девојките кои играме. Доколку гледаме машки фудбал, одат многу девојки на трибините. Меѓутоа, не за да фантазираат за секс со фудбалерите, туку за да навиваат за својот клуб“.

Слични Вести
Menu