По изгубената титула шефот на Мерцедес се сомнева дека Хамилтон ќе се повлече од Формула 1: „Никогаш нема да ја надминеме болката која ја доживеавме во неделата“

Тото Волф не е 100 отсто сигурен дека Луис Хамилтон би се вратил на патеката на Формула 1.

По драматичното финале во Формула 1 во кое својата прва шампионска титула ја освои Макс Ферстапен, можно е повлекување на Хамилтон.

Британскиот возач ја држеше првата позиција за Големата награда во Абу Даби, сè до пред крајот на трката, а потоа по судирот на Николас Латифи на терен излезе безбедносното возило и ја „стопи“ неговата голема предност.

Во последниот круг, како што добро знаеме, Ферстапен го престигна, а поради сето тоа можно е да се случи негово повлекување.

„Ќе ни треба многу време да го „испроцесираме“ тоа што се случи во неделата. Мислам дека никогаш нема да може да го прифатиме тоа, тоа е невозможно“, ја започнал својата приказна шефот на Мерцедес на Формула 1 тимот, Тото Волф.

Како што истакнува тој, од сите најтешко ќе му биде на седумкратниот шампион Луис Хамилтон.

„Секако дека нему ќе му биде најтешко како на возач. Се надевам дека и двајцата и остатокот од тимот ќе можеме да продолжиме да работиме заедно, но никако нема да ја надминеме болката и патењето кое го доживеавме во неделата“, изјавил Волф.

Хамилтон во јануари ќе наполни 37 години, има важечки договор со Мерцедес, но не е сигурно дека ќе се врати на популарната патека.

„Искрено, се надевам дека ќе продолжи со трките затоа што е најдобриот возач на сите времиња. Како возач со срце му кажувам дека мора да продолжи затоа што е на врвот од кариерата , но мора да го надминеме тоа што се случи во неделата. Тој е човек со јасни вредности“, раскажал Волф и додал дека нема да учествува на гала церемонијата за прогласување на овогодишниот шампион на Формула 1.

„Нема да бидам таму поради мојата лојалност кон Луис и поради личен интегритет“, завршил Волф.

Слични Вести
Menu