Каде завршија МИЛИОНИТЕ НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ

Познато е дека Здравко Чолиќ важи за еден од најдобро платените пејачи во регионот, но никогаш не се експонира и не покажува дека „плива“ во пари. Затоа многумина се прашуваат каде му завршуваат парите.

Чолиќ парите што ги зарабувал во својата долгогодишна кариера ги вложил во бизнис со недвижнини. Според медиумите, тој и неговиот кум веќе неколку години граделе станбени згради во населбата Голф на Баново Брдо во Белград.

Станува збор за висококвалитетни згради и луксузни станови во кои се инвестирани милиони евра, па може да се каже дека се работи за комплекс на станови од најразлични структури и големини, од гарсоњера до четирисобни.

Меѓутоа, како што е познато, Чола не сака да зборува за својот приватен живот или на ваков начин јавно да се експонира, па успешно ја криел оваа информација сиве овие години.

Иако не сака да зборува за тоа, очигледно е дека пејачот паметно ги вложил парите. За разлика од многу негови колеги, Чолиќ е многу скромен, па никогаш не се фалел со скапи автомобили, облека или патувања, па не чуди што имал средства да инвестира во бизнис со својот кум, кој некогаш бил директор на една од најголемите хемиски фабрики во регионот.

И додека многу од неговите колеги се жалеа на финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус и неможноста да се однесуваат како некогаш, на Чола не му беше тешко, бидејќи парите од овој бизнис постојано се слеваа на неговата банкарска сметка.

Се разбира, покрај овој бизнис, тој работел и на нови песни за време на пандемијата.

– Одмарам за време на короната, правам нови песни додека трае пандемијата и додека нема настапи. Започнувам со некои мои нови идеи, а потоа вклучувам и соработници. Ќе видиме како сето тоа ќе изгледа – изјави Чолиќ за медиумите.

Слични Вести
Menu