Ова е најголемата куќа на светот, се продава поевтино од очекуваното, а постои и причина за тоа

Вилата „The One“ во Лос Анџелес која требало да биде најскапата куќа продадена во Америка, овие денови влегла во стечај и ќе биде продадена на аукција по ниска цена откако нејзиниот сопственик платил повеќе од 165 милиони долари долг, се наведува во соопштението од судот.

Минатата седмица, луксузната вила „The One“ би била најскапо продадената куќа во Америка со првобитна цена од 500 милиони долари, а истата била ставена на аукција, па сега ќе биде продадена за цена пониска од 250 милиони долари.

Имотот во Бел Ер се простира на површна од 9.754 метри квадратни, а истиот бил ставен во стечај од страна на судот во Лос Анџелес поради тоа што сопственикот на вилата, Нил Ниами, долгувал милионски кредити, пренесува „Daily Mail“.

Ниами, инвеститор за недвижности, ја купил вилата во 2012 година и ги поминал последните девет години ветувајќи дека ќе ја изгради најголемата куќа во САД и ќе ја претвори во профит.

Огромната луксузна вила е како рај за милијардерите, а поседува и ноќен клуб, козметички салон, казино, пет базени, 20 спални соби, 42 тоалети.

Опкружена со патека за трчање долга 121 метар, а главниот апартман е со големина од 519 квадратни метри со сопствена канцеларија, базен и кујна.

Вилата поседува и гаража во која може да се сместат 30 автомобили, а исто така нуди и поглед кон океанот и планините.

Најскапата вила во САД ја осмислил архитектот Пол Меклин и дизајнер на ентериер Кетрин Ротонди.

Во 2018 година Ниами позајмил 82, 5 милиони долари од компанијата „Hankei Investment Co“ за финансирање на проектот, а рокот за отплата бил до октомври 2020 година. Компанијата се залагала вилата да влезе во стечај за да може да си ги врати позајмените пари.

Како изгледа вилата, погледнете во видеото:

Слични Вести
Menu