Се ожени фудбалерот Дарко Велковски, наскоро ќе стане татко

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски (26), кој игра за хрватскиот прволигаш Риека, денеска се ожени со својата долгогодишната девојка Тамара Чуприна. Тие направија интимна венчавка на која присуствуваа само одреден круг на роднини на пријатели.

Тамара сподели фотографии од венчавката на својот Инстаграм профил.

„Господин и госпоѓа“, напиша таа.

Таа претходно објави и фотографии од подготовките за церемонијата.

Тамара во септември објави слика од ултразвукот на бебето и откри дека е во петтиот месец од бременоста.

„Исто како мојот татко, без фотографии ќе ве молам“, напиша тогаш таа на Инстаграм.

Слични Вести
Menu