(ФОТО) Новогодишната австралиска бајка која е различна од другите

Илјадници луѓе го искористија убавото летно време за да се соберат на плажа и да го прослават австралискиот Божиќ на отворено.

Немаше недостиг од божиќен дух на плажата Бонди во Сиднеј додека посетителите на плажа носеа капи на Дедо Мраз – дури и кога температурите се искачија на жешки 30 степени.

Слични сцени продолжија понатаму на север, во заливот Бајрон, додека жителите се собраа на плажата маскирани во ирваси и црвени празнични бикини.

На југ, спасувачите на плажата Бонди дури се погрижија да постават и украсат новогодишна елка на плажата, со што додадоа празнична атмосфера.

На жителите им беше препорачано да го поминат Божиќ на отворено за да се спречи ширењето на вирусот.

Илјадници жители на Сиднеј го направија токму тоа.

Туристите скокнаа во океанот за да пливаат или сурфаат, додека други избраа да останат суви на песокот за да се сончаат и да се впијат во живописната глетка, да уживаат во пикник ручек или да играат крикет на плажа.

Слични Вести
Menu