Стивен Сегал големиот миленик на Путин кој има српски пасош

Американската актерка и некогашен супермодел не се воздржала додека давала интервју за „Page Six“ во кое зборувала за бракот со поранешниот сопруг Стивен Сегал.„Жал ми е за тој човек“, изјавила 61-годишната актерка за Сeгал кого обвиненијата за сексуално вознемирување, како и гласната поддршка на претседателот на Русија Владимир Путин го направиле контроверзна личност.

„Мислам дека тој е само многу тажна личност и тој е тоа што јас би го нарекла трагедија на Холивуд“, изјавила Кели.

Кели мисли дека наводното малтретирање на Сегал во текот на детството придонело за неговото однесување и постапките подоцна во животот.

„Верувам дека многу го малтретирале во текот на детството, бил многу плашлив, слаб и претпоставувам дека луѓето кои на таа возраст се однесуваат така, на крај се губат во процесот на стареење“; изјавила Леброк и додала дека „му посакува се најдобро“.

Инаку, тие двајца биле венчани во 1987 година, а од бракот ги добиле ќерките Анализа, Арис и синот Доминик. Некогашниот брачен пар се запознал во текот на патување во Јапонија.

„Разговарав со Стивен неколку пати по телефон, но прво сакав да го одбијам“, објаснила Кели која подоцна прифатила да оди на љубовен состанок со него.

„Кога конечно се согласив да испијам пијалак со него и кога дојде на вратата од мојата соба, тој само стоеше, висок 192 центиметри. Изгледаше убаво, беше виток, зборуваше течно јапонски и знаеше да прави акупунктура и киропрактика, пееше, свиреше гитара и тапани, а знаеше и да црта“, се присетила Кели и додала:

„Се чинеше како да не постои ништо што не би можел да го направи“.

Кели и Стивен се развеле во 1996 година, а Леброк изјавила дека поради бурната природа на нивниот развод сакала да се скрие од светот.

Слични Вести
Menu