Дневен хороскоп 29 Декември

Овен

Почнувате да размислувате на долгорочен план и знаете како да надминете некои пречки кои долго ве држеле во место. Немојте да бидете пресериозни во љубовниот живот и скратете ја драмата. Не можете да го контролирате партнерот. Не се согласувате со колегите, но покажувате култура.

Бик

Продолжувате со исто темпо, полни сте со ентузијазам и ви се прошируваат хоризонтите. Тешко дека има граници кои може да ве сопрат. На љубовно поле ќе најдете начин на кој може да разговарате без да се навредите. Ве очекуваат добри вести на работното место.

Близнаци

Во добра форма сте и денес е денот кога ќе треба да ги завршите тешките ангажмани кои долго ги одложувате. Сепак, не ги преминувајте границите и не се форсирајте. На љубовно поле ќе се зближите со партнерот или симпатијата. Комуникацијата ви е силна страна.

Рак

Не се грижете за работи над кои немате контрола. Време е да почнете вистински да го живеете животот и да не се оптоварувате за секоја ситница. На љубовната агенда се предвидуваат нежности, страсти, романса. Тактички го освојувате тоа што го сакате. Излезете од комфор зоната на работното место.

Лав

Околу вас кружат злобни гласини, но немојте да им давате значење. Избегнувајте да се впуштате во озборување. На љубовно поле размислувате како да се подобрите прво себеси, а потоа да се жалите од другата страна. Ја менувате тактиката на работното место.

Девица

Лесно ќе се ослободите од некоја грижа која ве мачи подолг период. Внимавајте да не се исфорсирате одеднаш, не можете да бидете насекаде. На љубовно поле не се двоумете да побарате совет. Околу вас има мудри луѓе, а може да го послушате и партнерот. Ќе ги избегнете работните проблеми.

Вага

Лесно ќе се ослободите од некоја грижа која ве мачи подолг период. Внимавајте да не се исфорсирате одеднаш, не можете да бидете насекаде. На љубовно поле не се двоумете да побарате совет. Околу вас има мудри луѓе, а може да го послушате и партнерот. Ќе ги избегнете работните проблеми.

Шкорпија

Си верувате себеси и на сопствената интуиција, нема да се излажете. На љубовно поле ќе ви се разјаснат некои мистерии. Чекорите храбро кон нови подобри можности и влегувате во нова фаза. Со вистинските зборови ќе ги убедите надредените на некои ваши замисли.

Стрелец

Имате шанса да ги демонстрирате вашите медијаторски способности и постојано ќе се наоѓате помеѓу нечии конфликти. На љубовно поле вашите барања на партнерот му се гледаат тешки. Бидете трпеливи. Излегувајте со пријатели. Ви се враќа мотивацијата за работа.

Јарец

Оптимизмот ќе биде почувствуван од сите околу вас и ќе го пренесувате. Создавате пријатна атмосфера. Време е да се погрижите за физичкиот изглед, но и за здравјето. На љубовно поле сакате да ги подобрите работите кои чувствувате дека стагнираат. Нови деловни можности се на повидок.

Водолија

Денешните околности ќе бидат поволни за да завршите со некој проект. Избегнувајте непотребни дискусии. На љубовно поле прифатете ја играта. Ве очекува идилична атмосфера. Деловниот живот ќе го обземе нова енергија и свежина која подолго време ви е потребна.

Риби

Одеднаш ве обзема чувство на слобода која одлично ви влијае. Токму тоа ви е потребно. Мирот на љубовно поле ви годи, немате сила да вложувате премногу труд во разговори. Работите ќе течат непречено. Среќата ве следи на професионално поле во поглед на преговори.

Слични Вести
Menu