(ФОТО) Ова е сопругата на Воја Недељковиќ, водителот на “Ѕвездите на Гранд”

Помеѓу Воја Недељковиќ, водителот на популарното регионално  музичко натпреварување, “Ѕвездите на Гранд”, и неговата сопруга Маја, постои значителна разлика во години. Тој е речиси две децении повозрасен од неа, поточно 18 години, но тоа не им е проблем бракот да им функционира совршено. Тие го имаат синот Ѓорѓе, а како што неодамна изјавија, сè уште не размислуваат за проширување на семејството.

„Таа за многу работи е позрела од мене, а кај нас нема конфликт на генерации. Не сакам стереотипи, сум соработувал и со постари и со помлади луѓе, тоа го сметам за големо искуство и лично богатство. Мислам дека, како што секој народ има токму таков владетел каков што заслужува, така и секој маж, вклучувајќи ме и мене, има жена каква што заслужува” – изјави неодамна Војо за „Стори“.

Слични Вести
Menu