Mамурлак по новогодишната ноќ? Еве неколку корисни совети… и еден рецепт

Збогување со старата и новогодишната ноќ е тешко да се замисли без чаша пијалок за да наздравиме за сето она што го оставаме зад нас и да го „прегрнеме“ сето она што не чека.

За оние на кои им е тешко да застанат на неколку чаши алкохол, денот по новогодишната ноќ е доста тежок бидејќи следното утро треба да се борат со мамурлак. Затоа експертите открија неколку трикови како можете да го намалите и спречите мамурлакот. Витамините се најважната работа во спречувањето на мамурлакот.

Пред да почнете да пиете, јадете храна богата со витамини Б и Ц за да го заштитите вашиот црн дроб. Пијте многу вода пред да почнете со забавата . Доколку не пиете доволно вода, алкохолот побрзо ќе ве „зашемети“, односно побрзо ќе се опиете.

Затоа, за да не ве мачи главоболката следниот ден, водата е вистинското решение. Потоа, наутро кога ќе се разбудите мамурно, не останувајте во кревет, туку станете, истегнете се и отворете ги прозорците. Многу е важно да имате свеж воздух бидејќи се што сте издишале во текот на ноќта ќе ви предизвика главоболка.

Кога вдишувате свеж воздух и добро се истегнувате, важно е да ја вратите енергијата, а тоа можете да го направите со појадок. Најдобриот појадок што можете да го јадете се јајцата бидејќи тие се богати со амино киселини кои помагаат во варењето на алкохолот и ги намалуваат неговите ефекти.

И на крајот, ако ништо од ова не помага, само пијте многу чај или кафе.

Верувале или не, наместо да се напиете таблета против главоболка, вистинското решение за мамурлакот е добро познатиот коктел Блади Мери. За овој коктел постои легенда дека неговата примарна примена биле токму неговите исцелителни својства.

Состојки

– 90 мл сок од домати
– 40 мл вотка
– 15 мл сок од лимон
– Неколку капки табаско сос
– Бибер
– Сол
– Кора од лимон
– 1 целер

извор: slobodenpecat.mk

Слични Вести
Menu