Како што вети, направи вистински спектакл!

Поп дивата Јелена Карлеуша ветила дека ќе направи невиден спектакл за дочек на 2022 година пред Скупштината, тоа ветување и го исполнила.

Имено ЈК овој пат подготвила вистинско “лудило“, а како и порано, и овој пат одела кон тоа нејзиниот настап да изгледа светски.

Сите костими специјално биле изработени за новогодишната ноќ, а повеќе од десетина илјади луѓе уживале во спектаклот.

Облечена како снежна кралица, веднаш потоа Јелена се пресоблекла во јака црвена комбинација со машна, а потоа облекла црвена бунда.

Карлеуша се пресоблекла и по трет пат, а во последниот дел од настапот одбрала златно минијатурно боди, додека на главата имала бел детал од пердуви.

Слични Вести
Menu