Илузија поради која нема да им верувате на своите очи: Дали линиите се прави или криви?

Оптичките илузии кои се составени од само три бои – во овој случај црна, бела и сива, се доволни да го измамат вашето око.

На мозокот му требаат неколку минути за да сфати што е трикот и од кој агол би требало да ја погледнете илустрацијата.

Токму таква илузија е пред вас. Имено, кога ќе ја погледнете оваа илустрација, сигурно ќе видите искривени линии. Но, што ако ви кажеме дека сите линии се прави?

Да, убаво прочитавте!

Кога ќе ја погледнете право во сликата, изгледа дека линиите се криви под одреден агол. Сепак, линиите се целосно прави.

Ако не верувате, постојат два начина да го проверите тоа.

Првата е да ја испечатите илустрацијата и да ја прецртате секоја линија со молив, а втората да ставите линијар на мониторот, односно на илустрацијата.

Оваа оптичка илузија за кратко време стана вирална на социјалните мрежи и ги воодушеви корисниците.

„Неверојатно е како една илустрација може да си поигра со човековиот мозок“, гласи еден од коментарите.

Слични Вести
Menu