Астероид се движи кон Земјата, ќе направи спектакл на небото

Големиот астероид кој ќе мине покрај Земјата кон средината на јануари, ќе направи вистински спектакл на небото.

Огромниот астероид од листата на потенцијално опасни вселенски објекти на “НАСА”, чија големина е два и пол пати поголема од “Empire State Building” во Њујорк, би требало да мине релативно блиску до земјата кон средината на јануари.

Се проценува дека дијаметарот на тој астероид е најмалку еден километар, а доколку во некој случај удри во земјата, астероидот “1944 PC1” би можел да предизвика глобална катаклизма. За среќа, шансите за тоа се екстремно мали.

Споменатиот астероид би требало да прелета покрај Земјата на оддалеченост од 1,98 милиони километри, што е околу пет пати поголема оддалеченост од онаа од Месечината до Земјата. Најблиску до Земјата би требало да биде 18-ти јануари.

Станува збор за астероид од класата Аполо, кој има поширока орбита околу Сонцето од Земјата и кој во 1994-та година го открил австралискиот астроном Роберт МекНот. Тој астероид го обиколува сонцето за една година и седум месеци според времето на Земјата.

На секои 47 години тој астероид можат да го видат и астрономи аматери дури со најосновен телескоп, но следниот пат кога ќе мине блиску до Земјата ќе биде дури 2105-та година.

Астероидот “1994 PC1” патува со брзина од 70.515 километри на час, а на ноќното небо се гледа како ѕвезда.

Што се однесува до човештвото, тоа може да биде мирно уште најмалку 100 години, бидејќи неодамнешната анализа на НАСА покажува дека ниеден вселенски камен нема да ја загрози земјата во тој временски период.

Слични Вести
Menu