Животните правила на Безос како лекција за 2022 година: „Доколку не го менувате често мислењето, ќе згрешите многу“

Американецот по многу работи ја одбележа 2021 година, а „Амазон“ продолжува да работи еднакво успешно како и претходно.

Еден од најуспешните луѓе на светот, и до скоро најбогатиот – Џеф Безос, без сомнеж знае како да работи. Има чувство и знаење за бизнис, но и социјална интелигенција која е неопходна за добра комуникација со луѓето.

Според актуелната листа на милијардери, односно најмоќни луѓе на светот која ја составува „Блумберг“, Илон Маск моментално е на врвот со околу 304 милијарди долари нето вредност, па следи Безос со богатство вредно 196 милијарди долари.

Минатата есен, Безос на Твитер напиша дека „Амазон денес е една од најуспешните светски компании која трансформирала две различни индустрии“.

Да ве потсетиме, кога станува збор за основачот на водечкиот е-трговец од САД и 2021 година, ќе го паметиме по тоа што Безос на 5 јули на местото извршен директор го замени долгогодишниот заменик и соработник Енди Џеси.

Важната лекција која Безос ни ја пренесе, а која треба да се примени гласи:

„Луѓето кои често се во право, многу слушаат и често го менуваат своето мислење. Тие стануваат наутро и повторно ги анализираат работите, го менуваат својот став. Доколку тоа не го прават често, ќе згрешат многу“.

Уште едно негово правило е тоа дека „треба да бидете отворени кон критицизмот“.

Тој всушност ја поддржува балансираната перспектива за критицизмот. Поради тоа што критиката може да биде најреткиот дијамант или пак може да биде огромно злато во калта.

Сфаќањето што е критицизмот е тоа што може да направи разлика меѓу успехот и неуспехот.

Основачот на „Амазон“ исто така е некој кој секојдневно ги применува своите рутини:

„Сакам да бидам мрзелив наутро. Станувам многу рано и рано си легнувам. Сакам да читам весници. Сакам да пијам кафе. Сакам да појадувам со децата пред да одат на училиште. Тоа време кога не правам ништо, мене ми е многу важно. Затоа првиот состанок не го закажувам пред десет часот“, изјавил Безос своевремено.

Слични Вести
Menu