Повеќе од 40 милиони луѓе ширум светот купиле „iPhone 13“ за празниците

Продажбата на серијата „iPhone 13“ забележала одлични резултати во текот на празничната сезона.

„Apple“ во септември минатата година ја претстави серијата „iPhone 13“ која е составена од моделите „iPhone 13“, „iPhone 13 Mini“, „iPhone 13 Pro“ и „iPhone 13 Pro Max“.

Од нивното појавување на пазарот, телефоните многу добро се продаваат ширум светот. Поточно, според едно истражување, компанијата од Купертино продала околу 12 милиони телефони во текот на месец декември.

Даниел Ајвс, аналитичар на компанијата „Wedbush“, тврди дека „Apple“ продал повеќе од 40 милиони модели на „iPhone 13“ во текот на празничната сезона во 2021 година.

Истиот извештај предвидел дека „Apple“ ќе достигне пазарна вредност од 3 трилиони долари, што беше објавено вчера.

Аналитичарите веруваат дека продажбата на „iPhone 13“ ќе продолжи да расте и во текот на 2022 година. Причина за ова е и недостигот од чипови кој минатата година го погоди „Apple“ како и другите компании, а се очекува дека ситуацијата ќе се подобри во текот на втората половина на оваа година.

Слични Вести
Menu