Ракија од мушмула по цена од 140 евра за литар

„Мушмула е овошје кое во овие краеви многу ретко расте. Овој тип на овошје е многу отпорен на болести, плевел и не бара голема инвестиција. Поради серија позитивни особини, но првенствено поради тоа што е запоставена“ – Вели Пеѓа Филиповиќ од Топола, во Србија, кој одлучил со план за бизнис да го посади ова овошје.

“Идејата е родена во 2012 година, бидејќи сопругата и јас размислувавме да се вратиме во природата, и јас бев индиректно поврзан со земјоделството одејќи кај бабами на село, и првите пари ги заработив од нејзината работа со собирање шумски плодови.

“Идејата е родена во 2012 година, бидејќи сопругата и јас размислувавме да се вратиме во природата, и јас бев индиректно поврзан со земјоделството одејќи кај бабами на село, и првите пари ги заработив од нејзината работа со собирање шумски плодови.

“Во третата година ја имавме првата продажба, во четвртата прва посериозна количина, а веќе во петтата клиентите сами не бараа за откуп однапред, имавме добри приходи но јас сакав да одам ниво повисоко така што тогаш решив да направам ракија од мушмули .

Таа ракија, од мушмули, е оригинална и не е слична на било која друга, со вкус помеѓу јаболко и дуња, се создава во долг процес ќе добиете мали количини на ракија, но по висока цена за продажба. , Во Грција и низ Европа литар ракија од мушмули се продава по 140 евра, пет пати поскапо од нормално виски или коњак .

Оваа ракија беше проценета за прв пат оваа година за меѓународната евалуација на виното и ракијата одржана во Топола, каде што и беше доделена награда “големо злато”. Филиповиќ ги открива плановите за иднината дека неговата ракија се наоѓа на полиците на големите пазари и конечно го зазема местото што и припаѓа.

Слични Вести
Menu