Темните банани најздрави за јадење и превентива за појава на рак

Колку повеќе темни дамки има бананата на себе, толку е позрела, а таквите банани се најздрави за подобрување на имунитетот, бидејќи содржат TNF (Tumor Necrosis Factor), супстанца која се бори против абнормалните клетки.https://www.facebook.com/v3.2/plugins/quote.php?app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df1d5658e0da0804%26domain%3Dporta.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fporta.mk%252Ff20e760d1bed3ac%26relation%3Dparent.parent&container_width=740&href=https%3A%2F%2Fporta.mk%2F%3Fp%3D51360&layout=quote&locale=mk_MK&sdk=joey

Јапонските научници открија дека TNF од бананите помага во лекувањето на рак токму поради зголемувањето на имунитетот. Сосема е извесно дека консумирањето на вакви зрели банани може да послужи како превентива од одредени болести и тумори.

Во текот на ова истражување е откриено дека и содржината на овошјето се менува со тек на време кога овошјето станува позрело. Зрелата банана станува пожолта, има потемни дамки и и се зголемува нивото на антиоксиданти.

TNF, освен зголемувањето на имунитетот, го зголемува и бројот на белите крвни зрнца. Ако сакате да имате посилен имунитет, кој ви е особено неопходен во овој период од годината, јадете една до две зрели банани со дамки.

Слични Вести
Menu