Ја подобрува циркулацијата и работата на црниот дроб, ублажува кашлица и астма: Чудесна билка која нема што не лекува

Смиљот, познат уште и по името имортела (бесмртничка), нема конкуренција по својата способност да ја поддржи регенерацијата на клетките и заздравувањето на ткивата.

Дејство на физичко ниво

Поседува антикоагулатно и извонредно силно антихематомично дејство (надворешно и внатрешно, дури и кога станува збор за стари повреди), дејствува одлично против алергии, антивоспалително, антиспазматично, како адстрингент и муколитик, поседува севкупен прочистувачки ефект и ефект на детоксикација.

Ја подобрува циркулацијата на лимфата и крвта, многу е добар за едем, флебитис, варикозни вени, тромбоза, атеросклероза, хиперхолестеролемија, ја поттикнува работата на црниот дроб, жолчното кесе, панкреасот и слезината, помага при застој во функцијата на црниот дроб, како и за лекување хепатитис, цироза, хронична кашлица, корисен е за астма, бронхитис, голема кашлица, синуситис, поленска треска и тинитус.

На ментално/емоционално ниво

Дејствува како тоник што го балансира, опушта и подигнува расположението, ја ублажува депресијата, безволноста, летаргијата, нервната исцрпеност, состојби поврзани со стрес, помага за адаптирање на промени, за надминување психолошки трауми од минатото, за пронаоѓање цел во животот и носи внатрешен мир.

За нега на кожата

Антибактериското и дезинфекциското дејство помага за зараснување на раните и за регенерација на зрелата кожа, одлично е за модринки, рани, алергии, а исто така дејствува благотворно и во случај на целулит и стрии, изгореници, акни поврзани со розацеа, дерматитис, пруритус, чирови на кожата, егзема.

Слични Вести
Menu