“Ролинг Стоунс” добиваат поштенска марка

Британската Кралска пошта денеска објави дека ќе издаде специјална серија од 12 поштенски марки „во чест на еден од најдолговечните рок-бендови на сите времиња”, „Ролинг стоунс”. Тоа, во годината кога групата ќе ја одбележат својата 60-годишнина.

Нивните настапи низ светот ќе бидат овековечени на осум поштенски марки, како и ликовите на пејачот Мик Џегер, гитаристите Кит Ричардс и Рони Вуд и починатиот тапанар Чарли Вотс, кој почина минатата година, на 80-годишна возраст.

– Малку бендови во историјата на рокот успеаја да создадат толку богата и обемна кариера како Ролинг Стоунс!, рече Дејвид Голд, претставник на британската мултинационална Кралска пошта. – Тие создадоа некои од најкултните и најинспиративни албуми во современата музика, а нивните настапи во живо може да се наречат револуционерни!

Основан во 1962 година, „Ролинг стоунс” е еден од најуспешните и најдолговечните рок-бендови во светот, со проценета продажба од над 240 милиони примероци ширум светот и бројни награди, вклучително и три „Гремија”.

„Стоунс” се четвртата британска музичка група, по „Битлс”, „Пинк Флојд” и „Квин”, во чија чест Кралската пошта издаде специјални поштенски марки. Серијата ќе се најде в продажба од 20 јануари.

Слични Вести
Menu