Во оваа држава мајмуни зазеле цел град, станале зависни од шеќер и постојано крадат (ВИДЕО)

Жителите на туристичкиот град Лопбури во Тајланд веќе подолго време живеат со видот мајмун макаки.

Мајмуните „презеле“ напуштено локално кино и го претвориле во свој дом, но проблемот настанал кога тие станале зависни од слатки, пренесува Mirror.

Градот се наоѓа на околу 150 километри од Бангкок и поради различноста на населението привлекува голем број туристи кои сакаат од прва рака да го видат „градот на мајмуните“.

Работите функционирале добро пред пандемијата на корона вирусот.

Мајмуните ваму – таму би правеле по некоја глупост, но сето тоа се толерирало поради парите што туристите ги „оставаат“ при посетата.

Но, за време на пандемијата, нивниот број нагло се зголемил, а речиси целиот град станал нивно игралиште.

Додека луѓето останувале во своите домови во страв од пандемијата, мајмуните ја виделе својата можност за хаос. А во сиот овој хаос успеале да се „навлечат“ на слатки и газирани пијалаци, што ги направило уште понеуморни.

 Јас сум исплашен. Дивеат и крадат. Тоа не се нормални мајмуни – рекол еден жител.

Граѓаните сега можат секојдневно да ги гледаат судирите на различните „банди“ мајмуни кои се борат за превласт.

На едно снимено видео, стотици мајмуни може да се видат на патот како скокаат по автомобили и луѓе, крадејќи им ја храната и приватните работи.

Мештаните се обиделе да спречат бројни кражби и дивјаци давајќи им најлонски кеси полни со сируп и шеќер, кои веднаш ги изеле и продолжиле и украле банани од некој друг.

Мајмуните не покажуваат страв од луѓе, туку крајно арогантно однесување, се качуваат на автомобили во движење и скокаат по минувачите на улица.

Целата оваа бизарна ситуација довела до тоа граѓаните да се организираат да го „вратат“ својот град од мајмунските бандити, но засега без успех.

Поради нивната нездрава исхрана, урбаните мајмуни имаат помалку мускули од дивите макаки, ​​а многумина страдаат од хипертензија и болести на крвта.

Мајмуните никогаш не се гладни, исто како децата кои јадат премногу KFC. Тоа е проблемот. – изјави Наронгпорн Дудуем, директор на регионалната канцеларија на Одделот за заштита на дивиот свет.

Иако локалните жители веруваат дека градот ќе биде подобро со помалку мајмуни, некои дури признаа дека ќе им недостига ако сите исчезнат.

– Навикнат сум да ги гледам како шетаат и си играат на улица. Да исчезнат сите, сигурно ќе ми недостигаат и ќе бевосамен – изјавил сопственикот на локалната продавница.

Слични Вести
Menu