Почина Аки Ракимовски, легендарниот пејач на „Парни Ваљак“

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Ракимовски почина на 66-годишна возраст.

Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна на „Парни Ваљак“ на социјалните мрежи.

Тој пред три години преживеа мозочен удар.

Ракимовски беше еден од основачите на групата Парни Ваљак и беше вокал на 18 студиски албуми на групата. Засекогаш ќе остане запаметен по песните „Јесен у мени“, „Све још мирише на њу“, „Доџи“, „Моја је пјесма лагана“, „Ухвати Ритам“…

Рахимовски почина во Ново Место, Словенија, откако му се слошило во денеска наутро. Аки последниве години живееше во Словенија, а пред две години стана татко на девојче кое го доби со Словенката Барбара Весел.
Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година. Како тинејџер членувал во повеќе ансамбли, а во 1975 година заедно со гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ – Хус, Јурица Паѓен и во соработка со менаџерот Владимир Михаљек Миха го основале „Парни ваљак“.

Аки имаше два брака. Во првиот го доби синот Кристијан-Кики, исто така пејач, а во вториот ќерката Дина. Врската со неговата втора сопруга Ингрид траела цели четири децении.

Иако е роден во Ниш, набрзо со семејството се преселил во Скопје. Бидејќи неговиот татко бил професор по музика, на седумгодишна возраст започнал музичко училиште, клавир и отсек за пеење. Како тинејџер бил член на неколку бендови, од кои некои биле Група Вакуум, Крвна браќа и Група Тор, со кои настапувал на Загребскиот фестивал во 1975 година.

Слични Вести
Menu