Овен
Ќе имате можност да ги наполните батериите, но и да се забавувате со пријателите. Ве очекуваат и неколку познанства со мошне интересни личности. Ако сте во врска, сега е одлично време да разговарате со партнерот за проблемите. Бидете искрени и ќе ставите крај на сите недоразбирања.
Бик
Ве очекуваат неколку непријатни искуства, но од нив ќе научите многу важни лекции. Денес бидете пребирливи во врска со вашето друштво и не им дозволувајте на другите да ви ја украдат целата енергија. На поле љубов можни се проблеми, но немојте веднаш да го обвинувате партнерот. Добро размислете кои се вашите грешки во ситуацијата
Близнаци
Се движите во вистинската насока и наскоро ве очекува успех, но периодов го запоставувате здравјето. Па, денес пробајте да направите некоја позитивна животна промена. Во љубовта бидете спонтани. Ако сте сингл, не ја поминувајте вечерта дома.
Рак
Подготвени сте да се соочите со вашите грешки, да ја научите лекцијата од нив и да свртите нов лист. Денес морате да одвоите и малку време за одмор и релаксација. На поле љубов ќе се ослободите од некои сомнежи, но ќе налетате и на проблеми. Најдобро оставете ги сериозните разговори за утре.
Лав
Вашиот оптимизам ќе биде заразен, а вам ќе ви годи целото внимание. Денес среќата е на ваша страна, па ве очекуваат неколку пријатни изненадувања. На поле љубов подготвени сте да ја направите промената што ќе го подобри односот со вашиот партнер. Ако сте сингл, вечерва немојте да седите дома.
Девица
Одвреме-навреме ќе се чувствувате уморно, но генерално сте во топ-форма. Денес ќе имате можност да се фокусирате на себе и да сфатите кои се вашите најдлабоки желби. Ако сте во врска, време е да разговарате со партнерот за проблемот што го избегнувате и двајцата.
Вага
Разумот ве води во вистинската насока, па денес ќе ги донесете правилните одлуки. Наскоро ве очекува голем успех и вие веќе го чувствувате тоа. На поле љубов станувате поотворени, а ова го подобрува односот со партнерот. Ако сте сингл, верувајте во себе и слободно направете го првиот чекор.
Шкорпија
Вашата самодоверба расте, но поради ова ќе изгледате арогантно и можни се конфликти со саканите. Подобро внимателно избирајте ги зборовите и оставете ги сериозните разговори за некој друг ден. Ако сте во врска, денес ќе сакате да се фокусирате на домот со партнерот и што би сакале да промените во него.
Стрелец
Ќе се навратите на конфликт од минатото со некоја сакана личност – овојпат пробајте да најдете решение. Цел ден ќе се чувствувате мошне добро и покрај многуте обврски. Во љубовта нештата се навистина добри. Чувствата кон партнерот стануваат посилни, па осигурете се дека ќе му го покажете тоа.
Јарец
Наместо да бидете гневни, пробајте да ѝ простите на личноста која ве повредила. Кога станува збор за личните цели, дајте си време за размислување и не брзајте со одлуките. Знаете што точно треба да направите за да си ја подобрите ситуацијата на поле љубов. Ако сте сингл, подгответе се за интересна средба.
Водолија
Ќе бидете поимпулсивни од вообичаено, па избегнувајте ги напнатите дискусии. Денес ќе бидете преплавени со обврски – направете добра организација на денот. На поле љубов разговорот со некоја блиска личност ќе ви ја промени перспективата на подобро.
Риби
Настојувате да брзате со одлуките, па денес дајте си време да размислите, особено ако станува збор за нешто многу важно. Цел ден ќе бидете преплавени со обврски – фокусирајте се само на приоритетите. Ако сте сингл, ќе запознаете личност која веднаш ќе ви се допадне, само немојте да брзате со одлуките.