Помина една година откако раперот Канје Вест и старлетата Ким Кардашијан се разведоа. До неодамна тој се обидуваше да ја врати на сите можни начини, дури и на јавните настапи.
Но, изгледа сето тоа плачење во јавноста сега е зад него, бидејќи тој има нова девојка, Џулија Фокс, позната актерка и изведувачка од Њујорк.
„Ме сликате со мојата нова девојка“ – им рекол Канје Вест на папараците во едно дофрлување кога тие го фотографирале.
Новопечениот пар веќе продефилира на модната недела во Париз каде и двајцата беа од глава до пети во џинс, а неретко кога ги фотографираат, и двајцата се во складна комбинација и се претопуваат еден во друг. Tака беше и на вечерната појава на модната недела, каде Канје беше целиот во црна моторџиска комбинација, а неговата партнерка во скарлетно црвен фустан со иста тематика и сребрени чизми.
извор: slobodenpecat.mk