Денес ќе славеше 41 година

Денес 25.01.2022 изминуваат 41 година од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој со својот огромен талент, позитивна енергија која зрачеше од миг во миг и секогаш со љубов за сите.

Уметникот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.https://www.facebook.com/v3.2/plugins/quote.php?app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df1a8608ade57a5c%26domain%3Dporta.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fporta.mk%252Ff294ee2c8780348%26relation%3Dparent.parent&container_width=740&href=https%3A%2F%2Fporta.mk%2F%3Fp%3D51961&layout=quote&locale=mk_MK&sdk=joey

Нашиот Тоше позади себе остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.

И овој 25 јануари ќе биде во знакот на многупати повторуваната реченица: „Тоше има само ден на раѓање”.

Вечна слава ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!

Слични Вести
Menu