(Видео)Џенифер Анистон се бакнува со омилената водителка

Џенифер Анистон на Инстаграм-стори ѝ го честиташе роденденот на нејзината долгогодишна пријателка, водителката Елен Деџенерис.

По повод 64-от роденден на Елен, Анистон сподели фотографија на која таа и водителката се бакнуваат во уста, направена во 2019-та година.

„Голем бакнеж за роденденската девојка“, напиша Џенифер покрај фотографијата.

Елен и Џенифер се блиски пријателки со години. Ѕвездата на „Пријатели“ се појави и во ток-шоуто како прв гостин откако започна да се емитува последната сезона на шоуто. Интересно е тоа што Џенифер беше и првата гостинка кога шоуто почна да се емитува во 2003-та година.

Елен Деџенерис во мај минатата година објави дека нејзиното шоу ќе заврши во 2022-ра година, а 19-та сезона ќе ѝ биде и последна.

За потсетување, водителката беше критикувана по бројните обвинувања за нејзиниот карактер од страна на вработените, а беше обвинета и за злоупотреба и нездрава работна атмосфера.

Слични Вести
Menu