Илон Маск му понудил пари на тинејџер да го деактивира Твитер профилот, а еве зошто

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, понудил 5.000 долари на 19-годишно момче да го избрише профилот на Твитер кој ги следи неговите приватни летови, изјавил тинејџерот за „Protocol“.

Џек Свини води 15 профили за следење летови, користејќи бот кој тој го создал и кој автоматски објавува кога некој авион на славните полетува или слетува на аеродром.

Профилот на Свини кој ги следи летовите на Маск има најмногу следбеници (повеќе од 97.000), а неговата популарност го навела Маск да му испрати директна порака на овој тинејџер.

„Не ми се допаѓа идејата да ме застрела некој лудак“, напишал Маск во пораката, нудејќи му 5.000 долари на Свини да го деактивира профилот.

Илон Маск неодамна изјави дека профилите на социјалните мрежи кои го следат неговото движење „стануваат безбедносен проблем“.

„Дали има шанса тоа да се зголеми на 50.000 долари? Тоа би било голема поддршка за мојот колеџ и би ми овозможило да купам автомобил, можеби дури и Модел 3“, му одговорил Свини.

Последната размена меѓу Маск и Свини се случила кога Свини рекол дека ќе го избрише Твитер профилот без парична надомест доколку Маск му дозволи да биде практикант во неговата компанија.

Тинејџерот рекол дека Маск сѐ уште не ја прочитал пораката.

Свини му објаснил на милијардерот како успеал да пронајде јавно достапни информации за неговиот приватен авион за да создаде алгоритам кој автоматски го објавува статусот на летовите на Маск на Твитер.

Иако статусот на летовите на Маск е јавна информација, само оние кои добро ја познаваат индустријата знаат каде да ги најдат, пишува „Protocol“.

Слични Вести
Menu