Божјо чудо -Од покривот на црквата растат 17 огромни дрвја!

Оваа црквичка се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди како некое светско чудо. Некој геолог уште во 1987 година рекол: Не постои геолошко објаснување, тоа е Божјо чудо.

Св. Теодора Аркадиска од местото Васта, е светитекла која се овенчала со маченички венец. Кога била мачена таа се помолила вака: Христе мој, прости им на моите непријатели и направи телото мое да биде црква , косата моја да бидат дрвја , а очите мои извори.

Бог ги услишал нејзините молитви и на местото каде што св. Теодора го завршила својот земен живот била изградена Црква, која се наоѓа во јужниот дел на Грција, близу селото Васта. Црквичката датира од 12 век. На нејзиниот покрив растат 17 големи дрвја кои ја претставуваат нејзината коса. Повеќето од нив високи и 30 метри, а пречникот на некои од нив изнесувал и 1 метар. И покрај тоа што покривот на оваа мала црквичка е тенок, без некоја потпора, сепак со вековис стои како некое чудо да го држи. А ос црквата извираат неколку извори со чиста вода, онака како што самата таа побарала од Господ.

Многу истражувачи, научници останале без зборови и можност за објаснување на оваа појава, бидејќи корењата не ги разориле ѕидовите на црквичката, ниту пак има пукнатина на некој од нив.

Слични Вести
Menu