(ВИДЕО) Летачкиот автомобил во Словачка доби дозвола за летање

Летечкиот автомобил од Словачка доби официјална дозвола за летање како авион, изјави портпаролот на словачкото Министерство за транспорт.

Производот на Klein Vision во словачкиот град Нитра наречен AirCar, е мешавина од автомобили и мали авиони. Првиот лет меѓу аеродромите во двата града е изведен во јуни 2021 година.

За половина час летал од Нитра до словачкиот главен град Братислава, оддалечен 75 километри. Оттогаш, тој успешно ги завршил сите тестови потребни за добивање официјална дозвола за летање од словачките воздухопловни власти, објави Klein Vision.

Се трансформира од автомобил во авион за 3 минути

Хибридниот авион досега имал 200 полетувања и слетувања и вкупно 70 часа лет. Компанијата планира во блиска иднина да понуди директни летови меѓу Париз и Лондон.

AirCar, развиен од основачот на компанијата Stefan Klein, може да се вози на пат како обичен автомобил, а откако ќе ги рашири крилата, се трансформира во авион за нешто помалку од три минути.

Klein и неговите партнери веќе го претставија хибридниот модел, првично наречен „Aircraft“, на неколку меѓународни саеми за автомобили од 2013 година, предизвикувајќи светска сензација.

Подоцна, Klein се разделил од своите финансиски партнери и основал своја компанија, која сега сака да излезе на пазарот со летечки автомобил наречен AirCar.

Слични Вести
Menu