Дневен Хороскоп 6 Февруари

Овен

Очекувајте повеќе изненадувања. Ќе го откриете вистинското лице на луѓето во ваша непосредна близина, но подобро е да испланирате како ќе реагирате и да не брзате. За слободните претставници ова ќе биде одличен ден да се впуштат во нова врска или во авантура, а оние зафатените ќе можат да дознаат повеќе за себеси преку искрените разговори со партнерот.

Бик

Се гордеете со тоа што не отстапувате од ветувањата што сте си ги дале на себеси. Посамоуверени сте од вообичаено и сакате да ги остварите сопствените цели. На љубовен план тешко ви паѓа тоа што мора да направите промени кај себеси. Оние што се во врска, пред да се впуштат во дискусија со партнерот, прво треба добро да размислат што сакаат.

Близнаци

Ќе им посветите време на добрите пријатели со кои не сте имале можност да се видите во изминатиот период. Знаете дека немате време и енергија да се заморувате со неважни детали. На љубовен план ве водат инстинктите и потребите, па лесно може да се впуштите во нови авантури. Не избрзувајте со давањето долгорочни ветувања што знаете дека нема да можете да ги исполните.

Рак

Доколку упорно се обидувате да им помогнете на луѓето што не сакаат да им помогнете, ќе бидете разочарани. Иако имате потреба да се затворите и да бидете сами, тоа што ќе бидете опкружени со семејството и со најблиските ќе ви го подобри расположението. Можни се кратки романтични патувања со партнерот, а на оние што се „сингл“ конечно ќе им се насмевне среќата.

Лав

Пред вас се нови пријателства што во иднина ќе ви отворат многу врати. Благодарение на искреноста ќе успеете да надминете некоја замка. На љубовен план ќе имате можност да ја покажете сопствената моќ за заведување: оние што се во врска повторно ќе го освојат партнерот, а слободните ќе го привлечат вниманието на личноста што им се допаѓа.

Девица

Постојаниот замор што го чувствувате најверојатно се должи на лошата исхрана. Време е да си посветите малку време на себеси и немојте да чувствувате грижа на совест доколку не можете да им помогнете на сите што бараат помош од вас. Ќе уживате во пријатни разговори со партнерот, а слободните ќе најдат начин како да побегнат од секојдневието и да направат промени во љубовниот живот.

Вага

Време е конечно да го ставите минатото зад себеси и да сфатите дека понекогаш самите на себеси сте си најголема пречка. Нема премногу да размислувате за начинот на кој ќе ги остварите сопствените цели. Доколку сте во врска пред вас е ден во кој ќе работите на уредување на заедничкиот простор со партнерот, а оние што се сингл можно е да се впуштат во тајни афери.

Шкорпија

Слушајте ги советите од најблиските за да избегнете грешки и бидете отворени за предлози. Склони сте кон критики, но понекогаш треба тоа да го применувате и за себеси, а не само кон другите. Денес сте мошне чувствителни и посесивни кон партнерот, па внимавајте да не предизвикате расправии. Слободните не треба да носат избрзани одлуки.

Стрелец

Лесно успевате да ги убедите другите во вашите ставови, па затоа треба јасно и гласно да го кажете сопственото мислење. Љубовта и романсата се она што ви носи нова енергија во животот. Зафатените ќе уживаат во врската со партнерот, а слободните во авантурите и новите познанства.

Јарец

Време е да сфатите дека не можете да очекувате некој друг да ви ги оствари замислените цели. На блиските ќе им изгледате непристапно, па најдобро би било доколку можете да побегнете некаде и да ги наполните батериите. Можни се проблеми со партнерот, а слободните ќе се посветат на тоа да ја освојат личноста што подолго време им се допаѓа.

Водолија

Во што и да правите ќе се обидете да обрнете внимание на сите детали. Ова ќе биде одличен ден доколку се држите до сопствените убедувања, без да ги слушате туѓите мислења. Оние што се во врска повторно ќе ги разгорат страстите со партнерот, а слободните треба да обрнат повеќе внимание за да не пропуштат некоја интересна средба.

Риби

Ќе се чувствувате одлично во пријатно друштво, но бидете внимателни доколку планирате да се занимавате со физички активности и внимавајте на повреди. Полни сте со енергија, но треба да сфатите дека не можете сè да направите одеднаш. На љубовен план потребно е да се ослободите од стравовите и од сомнежите за да ги остварите сопствените цели.

Слични Вести
Menu