Заработила 1 милион долари за 48 часа! Атрактивната јутјуберка откри дека отворила профил на „OnlyFans“

Корина Коф, позната јутјуберка и гејмерка, за само 48 часа успеала да заработи неверојатни 1 милион долари и тоа на страница за возрасни.

Јутјуб ѕвездата која на таа платформа има околу 2 милиони следбеници, додека на Инстаграм има околу 6 милиони, светска слава стекнала благодарение на сексуалните шеги во влоговите, но и фактот дека е активна во геминг индустријата.

Меѓутоа, очигледно дека заработката од овие социјални мрежи не ѝ била доволна, па решила да отвори профил на популарниот сајт „OnlyFans“.

Како што открила неодамна во еден од влоговите на нејзиниот пријател и јутјубер, Дејвид Добрик, досега на оваа платформа заработила неверојатни милион долари. За само една фотографија на која ги покажала градите добила 165.000 долари.

Моделот и инфлуенсерка профилот на оваа социјална мрежа го отворила минатиот месец, и очигледно го направила вистинскиот деловен потег, барем кога се работи за заработка.

„За 48 часа заработив повеќе од 1 милион долари. Потоа се коцкав за да го прославам тоа и освоив уште 30.000 долари“, рекла атрактивната русокоса.

Слични Вести
Menu