Дневен Хороскоп 9 Февруари

Овен

Се чувствувате преморено, но заради зголемениот број работни обврски немате време да здивнете. Нема потреба да се грижите премногу за туѓите проблеми и туѓите барања, имате доволно обврски пред вас. На љубовен план можни се расправии со партнерот за некои стари проблеми, а слободните ќе имаат повеќе среќа доколку намалат со критиките.

Бик

Ви се укажуваат повеќе можности за напредок, но бидете внимателни пред да донесете одлука. Фокусирајте се на финансиските и материјалните добивки. Оние што се во врска ќе уживаат во страсна атмосфера со партнерот, слободните не треба да избрзуваат со одлуката да влезат во сериозна врска, пред добро да ја запознаат личноста.

Близнаци

Работите на тоа да ја подобрите финансиската состојба, но ова не е вистинско време за да се впуштате во нови проекти на работното место. На љубовен план однадвор изгледате мошне смирено и успешно ги скривате сопствените чувства. Оние што се во врска ќе треба отворено да разговараат за партнерот за она што ги измачува.

Рак

Сега е вистинско време да покажете што можете. Успешното завршување на некои важни проекти ќе ви донесе унапредување и финансиска добивка. На љубовен план, слободните може да очекуваат некоја возбудлива авантура, а оние што се во врска ќе му дозволат на партнерот да им покаже некои нови и неочекувани задоволства.

Лав

Сакате да им помогнете на луѓето околу вас, но немојте неконтролирано да се расфрлате со пари. Особено внимавајте кому му позајмувате пари и не им верувајте само на збор. На љубовен план партнерот ќе ве награди за големиот број компромиси што ги направивте во изминатиот период, а ако сте слободни потребно е отворено да разговарате со личноста што ви се допаѓа.

Девица

Пред вас е ден исполнет со нови познанства. Прифатете ја помошта од колегите за да го завршите денот успешно. На љубовен план уживате во моменталната состојба и во животот. Оние што се во врска не треба постојано да очекуваат нештата да тргнат на лошо, туку да уживаат во среќните мигови.

Вага

Одлуките што ќе ги донесете денес ќе имаат долгорочно влијание врз вашиот живот. Ќе ги изненадите претпоставените со добрите планови за работа. Немојте премногу да се опседнувате себеси со финансиските грешки што сте ги направиле туку мислете на иднината. Посесивни сте и поради тоа имате проблеми со партнерот. Слободните треба да се ослободат од сопствените сомнежи.

Шкорпија

Не ги избегнувајте колегите, затоа што преку нив ќе дознаете некои информации што ви се неопходни во моментов. Загрижени сте дека некои други ќе профитираат од вашиот труд и затоа потребно е цврсто да заземете став. Можно е да пробате нешто ново со партнерот за да ја заживеете сопствената врска или да се впуштите во нова авантура ако сте слободни.

Стрелец

Немојте да се преоптоварувате себеси со повеќе обврски од она што можете да го завршите и внимавајте на потребата за импулсивно трошење пари. Се чувствувате исполнето со партнерот и сметате дека нештата се движат во вистинската насока. Слободните ќе го направат првиот чекор за да започнат врска со некоја личност што подолго време им се допаѓа.

Јарец

Полни сте со енергија, па дури може и да им одите на нерви на луѓето околу вас. Можни се пријатни изненадувања од претпоставените во однос на вашите минати разговори. Немате многу нерви за љубовниот аспект од вашиот живот и можно е да предизвикате расправии со партнерот, а слободните воопшто и не размислуваат за нови врски.

Водолија

На работното место ве очекува смирена атмосфера и ќе можете во целост да се посветите на работните обврски. Во поглед на финансиите потребно е да бидете трпеливи затоа што наскоро ќе ви се подобри ситуацијата. За слободните можна е бурна љубовна афера со некој во знакот Стрелец. Тие што се во врска ќе уживаат во страсните мигови со партнерот.

Риби

Чувствувате дека сè што правите е за другите и дека за себеси не сте направиле ништо. Ќе мора да намалите со трошењето за да не се соочите со финансиски проблеми. Ве очекуваат сериозни разговори со партнерот, слободните ќе имаат потреба за љубов и нежности, па можно е да се впуштат и во некоја брза авантура.

Слични Вести
Menu